Колку неписмени граѓани живеат во Турција?
Седум милиони луѓе постари од 15 години во Турција се неписмени, покажуваат податоците на УНЕСКО, објавени по повод денешниот Меѓународен ден на образованието.
Според податоците на турското Министерство за образование се забележува дека бројот на неписмени е 310.790 лица во најголемиот турски град Истанбул. Ова се однесува за луѓе над 15 години. Бројот на неписмени во главниот град Анкара бил 105.600 лица, а во Измир 65.570 биле неписмени.
Во 2014 година околу 9% од жените во Турција биле неписмени, додека нивото на неписменост меѓу мажите било 1,8%.
Во светот вкупно 758 милиони луѓе над 15-годишна возраст се неписмени. Извештајот покажува дека нивото на писменост меѓу младите во последните 50 години се зголемува.
Слично
