Колку нафта произвела Саудиска Арабија во ноември?
Саудиска Арабија во ноември лани произвела 10.72 милиони барели дневно во споредба со 10.62 за ден во октомври, се гледа од податоците на Joint Organization Data Initiative (JODI).
Истиот месец се зголемил и извозот на нафта од Саудиска Арабија до 8.258 милиони барели дневно, а во октомври тој бил 7.636 милиони барели дневно.
За споредба ископувањето на нафта во Ирак во ноември било 4.8 милиони барели дневно, а извозот се зголемил до над 4 милиони.
Производството на нафта во Венецуела продолжува да биде најниско од 2003 година и во ноември е 2.27 милиони барели дневно.
Од јануари 2017 година, Русија и голем број земји од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), меѓу кои Катар и Саудиска Арабија, се согласија да ја замрзнат екстракцијата на нафта.
Американската лесна нафта се тргува близу нивото од 53 долари за барел, откако Ирак соопшти дека е на чекор од исполнување на својот дел од ветеното намалување на производството.Оваа година се очекува да има многу турбуленции со цената на нафтата.
