Колку нафта купила САД од Мексико за осум месеци?
Продажбата на нафта во САД од јануари до август оваа година му донела на Мексико 4,962 милијарди долари.
Ова се вели во извештајот на Министерството за трговија на САД, а извадоци од него цитира мексиканската радио станица "Нотисиас МВС".
За наведеното време Мексико му продала на својот северен сосед вкупно 147,7 милиони барели.
Земјата е рангирана на четвртото место меѓу давателите на нафта за САД. Пред Мексико се Канада, која извезе 711 милиони барели, Саудиска Арабија - 271 милиони барели и Венецуела - 185 милиони барели. Во 2015 година Мексико достави на американскиот пазар 253 милиони барели.
Од јануари оваа година мексиканското "црно злато" поевтини до 18,90 долари за барел и тоа е најниска вредност во последните 14 години. Во моментов неговата цена е околу 40 долари.
САД е првиот трговски партнер на Мексико.
