Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку можете да заштедите преку проектот „Купи куќа за млади”

Колку можете да заштедите преку проектот „Купи куќа за млади”

Пресметките покажуваат дека преку проектот „Купи куќа за млади” може да се заштедат и до 33 000 евра, тврди вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.

Граѓаните кои ќе се одлучат да бидат дел од проектот „Купи куќа за млади“ можат да избираат меѓу две опции.

И тоа 100 отсто субвенционирање на учество, за кредит од 50 илјади евра, односно неповратната помош од 12.500 евра и варијантата за субвенционирање на 80 отсто од месечната рата во период од 8 години и 50 отсто во следните 3 години, што е помош од 6.500 до 32.500 евра без обврска за враќање на парите.

За помала куќа до 100 квадрати, потребен е кредит од околу 30.000 евра. За кредит од 30.000 евра од прилика доаѓа месечна рата којашто се движи околу 200 евра месечно. Тоа значи дека првите осум години, граѓанинот ќе плаќа само 20 отсто, односно 40 евра месечно, додека Владата ќе ги плаќа останатите 160 евра, односно до вкупната месечна рата од 200 евра.

Вториот модел е ако граѓанинот нема пари – готовина, како учество за да добие кредит во банка. На почетокот се даваат тие пари, значи Владата во тој случај 100 процентно го обезбедува учеството.

Услов е апликантот да биде на возраст до 35 години (важи и за луѓе со полни 35 години), насвое име да нема друг стан или куќа (во брачна заедница ова важи за двајцата брачни другари). За поединец, максималните месечни приходи треба да бидат помали од 900 евра, а горната граница за брачна двојка е 1.300 евра.

Инаку, за реализација на проектот „Купи куќа за млади” општинните во наредните неколу месеци на продажба ќе нудат изградба на куќи со почетна цена од едно евро за метар квадратен.

Овие подготовки следат откако  Владата предложи финансиски да ги поддржува општините во спроведување на проектот. Таа ќе ги покрива трошоците на општините за градба на водовод, канализација и пат, посебно оние кои ќе обезбедат 100 и повеќе локации за куќи и тоа преку Програмата за рурален развој.

Слично

Поврзани вести