Колку млади во Европа се вработиле за 3 години?
Над 1.4 милиони млади луѓе во последниве 3 години во Европа нашле работа, а уште 900.000 не се исклучени од пазарот на труд или образовниот систем, наведува Форумот за одговорно работење.
Тоа е резултат на иницијативите на Европската комисија, Гаранција за млади и Пакт за млади.
Целта е на секој млад човек да му се пружи шанса за квалитетно образование, квалитетно вработување, стручна пракса од 4 месеци и друго.
Пакт за млади е иницијатива која има за цел да ги спои бизнисмените, образовните институции, ЕУ институции и младите.
Оваа иницијатива ги повикува младите, родителите, наставниците на соработка за да се подобри вработувањето.
Слично
