Колку милиони луѓе ќе гладуваат ако војната на Блискиот Исток потрае?
До 45 милиони луѓе до јуни можат да западнат во акутен глад поради конфликтот на Блискиот Исток.
Податокот е наведен во анализата на Светската програма за храна (ВФП). Заменик-извршниот директор на организацијата, Карл Скау, изјави во Женева дека ескалацијата на конфликтот веќе влијае врз глобалните пазари, предизвикувајќи раст на цените на храната, нафтата и транспортот, што директно го зголемува ризикот од глад во најранливите региони. Најпогодени ќе бидат земјите кои веќе се соочуваат со нестабилност, сиромаштија и зависност од увоз на храна и енергенси.
„Десетици милиони луѓе би можеле да западнат во акутен глад поради овие економски притисоци“, рече Скау.
Доколку кризата продолжи, вкупниот број луѓе погодени од акутен глад може да ја надмине сегашната рекордна бројка од 319 милиони.
На 28 февруари, САД и Израел го нападнаа Иран.
