Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку милијарди долари од резервите потроши Турција за стабилизација на лирата?

Колку милијарди долари од резервите потроши Турција за стабилизација на лирата?

Турската Централна банка продала 44,3 милијарди долари од резервите заради стабилизација на лирата. 

Ова се случува од почетокот на војната на Блискиот Исток, пренесува порталот „Туркије тудеј“.

Гувернерот на банката Фатих Карахан изјави дека во овој период институцијата користела девизни свопови и злато за да го ублажи економското влијание од конфликтот, додавајќи дека побарувачката за свопови укажува дека нема недостиг од девизна ликвидност.

Според пресметките на економистот Хакан Кара, засновани на аналитичкиот биланс на банката, во неделата од 23 до 29 март се продадени вкупно 21,5 милијарди долари од резервите, што претставува највисоко неделно ниво во историјата.

Во објава на платформата „Икс“, Кара укажа на структурни фактори што влијаат врз достапноста на девизи, како што се одливот на капитал и дефицитот на тековната сметка.

„Доколку се преземат сериозни мерки за ограничување на надворешниот дефицит, ситуацијата може да се стави под контрола. За таа цел, првично треба да се дозволи јасно забавување на побарувачката и кредитирањето“, оцени економистот.

Активностите на централната банка довеле до значително намалување на вкупните резерви во овој период, наведува „Туркије тудеј“. Според најновото соопштение, бруто-резервите изнесувале 177,45 милијарди долари за неделата што завршува на 20 март, додека нето-резервите, коригирани со свопови, се намалиле на 43 милијарди долари, што ја одразува континуираната интервенција на девизните пазари. 

Неколку години, турската валута се соочува со кризи. 

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести