Колку милијардери има во Турција?
Милијардерите во Турција стануваат се повеќе и се вкупно 29.
Во исто време приходите на населението се намалиле.
За глобалните приходи во 2016 година од швајцарската банка Кредит Свис се наведува дека бројот на милијардери во американски долари во Турција е зголемен за две лица и достигна 29 лица.
Во извештајот се спомнува дека стапката на просечниот приход е ниска и по тој показател Турција е рангирана меѓу сиромашните држави.
Најмалку 8,3 милиони турски граѓани спаѓаат во најниската категорија со приход. Од оваа гледна точка благосостојбата на 15,4% од населението во Турција не надминува 248 долари на човек. Според овој показател Турција е рангирана на 19-то место меѓу 46-те земји.
Во исто време 77.000 турски граѓани поседуваат над еден милион долари, а 1 720 000 турски граѓани имаат над 100.000 долари.
Според извештајот 29 лица располагаат со над една милијарда долари.
Турција е на 15-то место по бројот на милијардери.
