Колку мигранти дојдоа за пет дена во Грција?
На грчките острови во северниот дел на Егејското Море во последните пет дена пристигнале нови 499 мигранти и бегалци.
На Самос пристигнале 299 лица, на Лезбос 86 и на Хиос пристигнале 114 мигранти и бегалци.
Бројот на мигранти и бегалци кои бараат азил во Грција и се „заглавени“ на грчките острови достигна 11.104 лица. Ова го покажуваат податоците објавени денеска.
Ова е првпат по договорот меѓу ЕУ и Турција, бројот на мигранти и бегалци кои се наоѓаат на грчките острови да надминува 11.000.
Меѓу мигрантите често има нереди на островите. Последен беше инцидентот на островот Хиос каде беа запалени шатори. Грците не сакаат нивните деца да учат во училишта каде се образуваат мигранти.
Слично
