Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку мегават часови електрична енергија се потрошени во ноември?

Колку мегават часови електрична енергија се потрошени во ноември?

Во ноември 2016 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 695 934 МWh електрична енергија, 33.459 мил.нм3 
природен гас, 464 200 тони јаглен и 97 561 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 79.8% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 94.6% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.

Ова е според податоците на Државниот завод за статистика. 

Во октомври лани се увезени 186 920  МWh електрична енергија, а во ноември  172 548 МWh. 

Вкупно потребната енергија во октомври била 174 748, а во ноември 140 478 МWh. 

Слично

Поврзани вести