Колку мегават часови електрична енергија се потрошени во јули?
Во Македонија во јули годинава вкупно се потрошени 583.070 мегават часови електрична енергија.
При тоа 11.751 милони се нормални метри кубни природен гас, 494.249 тони јаглен и 110.346 тони нафтени продукти, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.
Според податоците на Државниот завод за статистика, 70,7% од потрошената електрична енергија е од домашни извори, а 95,5% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на струја.
Во јуни вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува 537.426 мегават-часови електрична енергија, 3.754 милиони кубни метри природен гас, 281.551 тони јаглен и 114.698 тони нафтени продукти, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика.
