Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку мажи и колку жени во земјава се без работа?

Колку мажи и колку жени во земјава се без работа?

Над 200.000 лица во Македонија се невработени. 

Според податоците на Државниот завод за статистика , во IV тримесечје од 2016 година активното население  во Република Македонија брои 950 255 лица од кои вработени се 731 107, а 219 148 лица се невработени.  Стапката на активност во овој период е 56.6, стапката на вработеност 43.5, а стапката на невработеност е 23.1.

Бројот на активни мажи е поголем од бројот на активни жени. Активни се  575 206 мажи и  375 049 жени.  132 042 мажи се без работа, а невработени се и  87 106 жени. 

Според податоците на Државниот завод за статистика , во III тримесечје од 2016 година активното население во Република Македонија броело 949 944 лица од кои вработени биле 727 985, а 221 959 лица биле невработени. Стапката на активност во овој период била 56.6, стапката на вработеност е 43.4, додека стапката на невработеност изнесувала 23.4.

Слично

Поврзани вести