Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку Македонци работат во Хрватска?

Колку Македонци работат во Хрватска?

Во Хрватска работат околу 7.000 македонски државјани. 

Точната бројка е 6.849  македонски државјани, покажуваат податоците за издадените дозволи за престој и работа кои ги објавија хрватските власти. Во првите 5 месеци од годинава, Хрватска издала 80.780 дозволи за престој и работа на граѓани на трети земји.

Најмногу дозволи добиле граѓани на Босна и Херцеговина(БиХ) вкупно 14.799, а потоа следат 12.911 работници од Србија, 12.622 од Филипините, 11.441 од Непал и 4.969 од Индија. Во Хрватска работат и  3.515 работници од Узбекистан, 2.723 од Косово, 1.466 од Египет и 1.311 од Албанија.

Од Стопанска комора на Хрватска велат дека повеќето странски работници се вработени во туризмот, угостителството и градежништвото, но ги има и во индустријата, транспортот и комуникациите и во трговијата. 

Повеќе од 70 проценти од Хрватите сметаат дека на земјата ѝ се потребни странски работници и тоа го кажале на анкета.

Слично

Поврзани вести