Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку луѓе загинаа во хеликоптерската несреќа во Грција?

Колку луѓе загинаа во хеликоптерската несреќа во Грција?

Нема преживеани во хеликоптерската несреќа која денеска се случи во Грција.

Загинати се двајца Руси, еден Грк, а по уште едно лице се трага. 

Припадници на специјалната нуркачка единица попладнево извлекоа безживотни тела на двајца патници и пилот на приватен хеликоптер што денеска се урна во морето во близина на островот Порос.

Нуркачите најпрво ги пронашле телата на двајца руски државјани кои биле патници во авионот, а нешто подоцна било пронајдено и безживотното тело на грчкиот пилот, пренесе агенцијата АНА.

Хеликоптерот, најверојатно, удрил во далновод и паднал во морскиот дел на Порос.

Според ЕРТ, хеликоптерот требало во пристаништетот Галата да преземе еден патник и да го префрли на меѓународниот аеродром во Атина, „Евангелос Венизелос“.

Слично

Поврзани вести