Колку луѓе во светот се крајно сиромашни?
Бројот на луѓето кои живеат во крајна сиромаштија, е намален за повеќе од 100 милиони во светот.
Ова се наведува во истражувањето на Светската банка, соопшти Ројтерс. Светска банка пресметала дека 767 милиони луѓе живееле со помалку од 1,90 долари дневно во 2013 година, која е последната компаративна година, а тоа е пад во однос на 881 милиони луѓе во претходната година. Најголемо зголемување на приходите е забележано во Азија.
„Неверојатно е дека земјите продолжиле да ја намалуваат сиромаштијата и се стимулира споделувањето на добрата“ - вели претседателот на Светската банка, Џим Јон Ким.
Податоците го потврдија напредокот во борбата против сиромаштијата во последниот четврт век. Во светот во 2013 година имало 1,1 милијарда луѓе помалку кои живеат во сиромаштија, во однос на 1990 година и тоа покрај порастот на населението, дополнува Светска банка.
Овие индикатори го приближуваат светот кон целта поставена од ОН да се справи конечно со екстремната сиромаштија до 2030 година.
