Колку луѓе во Македонија работат на црно?
Повеќе од 90.000 работници или 13 отсто од сите вработени во Македонија работат на црно. Податокот го објави Државниот завод за статистика(ДЗС), а се однесува за последниот квартал од 2025 година.
Вкупниот број на вработени изнесува 709.523 граѓани. Сепак официјалните податоци велат дека има намалување на неформалната економија во однос на претходното тромесечие.
Учеството на неформалната вработеност се намалува. Неформално вработени лица се 90.293, што е за 10.3 отсто помалу од претходното тримесечје. Најголем број неформално вработени лица, 45.9 отсто, има во секторот Земјоделство, шумарство и рибарство и 16.9 отсто во секторот Градежништво.
Слично
