Koлку луѓе се повредени по земјотресот кој ја стресе Турција?
19 луѓе се повредени во земјотресот во Турција.
Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтерова скала утрово имаше во западниот дел на Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмички центар (ЕМСЦ).

Причинета е и материјална штета од земјотресот.
Епицентарот на земјотресот бил на 236 километри југоисточно од Измир, на длабочина од два километри.
Потоа имало уште три последователни земјотреси, од кои најсилниот беше со интензитет од 4,5 степени.
Слично
