Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку луѓе се невработени во Македонија?

Колку луѓе се невработени во Македонија?

Бројот на невработени е намален за 1 oтсто во првото тримесечје од 2026 година во споредба со четвртото тримесечје од 2025 година, а за 2,3 проценти е намален во споредба со истото тримесечје лани. Од вкупниот број невработени лица, мажи се 62,4 отсто, а жени се 37,6 проценти.

Според Државниот завод за статистика(ДЗС), активното население брои 797.884 лица од кои вработени се 707.385, а невработени 90.499 лица. Стапката на активност е 52.5, на вработеност 46.5, додека стапката на невработеност изнесува 11.3.

Бројот на вработени лица бележи намалување од 0,3 отсто. Од вкупниот број вработени, 57,9 отсто се мажи, а 42,1 проценти се жени.

Учеството на неформалната вработеност во првото тримесечје од 2026 година се зголемува. Неформално вработени се 94.197 луѓе, што е за 4,3 отсто повеќе од претходното тримесечје. Најголем број неформално вработени лица, 43,6 отсто има во секторот Земјоделство, шумарство и рибарство и 17,5 проценти во секторот Градежништво.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести