Колку луѓе годишно умираат од лекарски грешки во Македонија?
За разлика од развиените земји каде се води евиденција и се прават годишни извештаи за лекарските грешки, во Македонија за нив може да се чуе само од медиумите или од најблиските на настраданите, и тоа најчесто ако станува збор за деца или дадилки.
Неофицијалните податоци покажуваат дека во Македонија годишно умираат од 600 до 2 000 луѓе од лекарски грешки во болниците.
Тоа е повеќе од бројот на жртвите од обраќајни несреќи во државата, како и од починатие од природна смрт.
Ова се алармантни податоци кои не треба да се кријат, смета докторот Владимир Лазаревиќ од истражувачката организација за реформи во разни области во здравството.
“ Оваа црна статистика не треба да се крие од јавноста од стана на надлежните, а пред се од Министерството за здравство. Здравствените органи се нетранспарентни и кријат информации, што и зошто се случило” Вели Д-р Лазаревиќ.
Лекарските грешки треба да бидат транспарентни и јавно да се зборува за нив за да не се повторуваат, смета Лазревиќ.
Според него, ако во Македонија здравствениот систем не е политизиран и диригиран од политичката елита наместо од професионалци, би се избегнале и многу лекарски грешки.
