Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЛКУ ЛИЦА СЕ СОМНИТЕЛНИ: Резултатите од вкрстената проверка на ДИК задутре

КОЛКУ ЛИЦА СЕ СОМНИТЕЛНИ: Резултатите од вкрстената проверка на ДИК задутре

Во изминатите две недели ИТ експерти правеа вкрстена проверка на податоците на гласачи.

Резултатите од проверката ДИК ќе ги соопшти во среда при што ќе се знае спорниот број на сомнители лица гласачи.

Проверката се вршеше преку базите на податоци од десет институции а оние лица чии податоци нема да се софпаѓаат во најмалку две бази на податоци ќе бидат предмет на теренската проверка.

17 април е датумот кога Избирачкиот список треба да се стави на увид при што ДИК и ДЗС имаат повеќе од месец дена на распологање за да успеат да ја завршат целата процедура.

Како ќе се одредува сомнителноста на гласачите?

Од ДИК за ова прашање велат дека ќе се утврдува по неколку прашалници и формулари (колку луѓе има во еден стан, колку влезови има зградата, куќата, колку семејства живеат таму...)

Имено на полноќ истекува рокот за пријавување нерегуларности во Избирачкиот список. Државната изборна комисија соопшти дека на интернет страницата на ДИК ќе биде затворена опцијата за пријавување нерегуларности. Ова се случува бидејќи потребно е време за изработка на пријавените нерегуларности, истите да се споредат со вкрстување на податоците и да се потврди кои од пријавените случаи треба да останат како предмет на теренска истрага.

Слично

Поврзани вести