Колку лири се тргуваат за еден долар?
Tурција се соочува со висока инфлација, а вредноста на лирата паѓа.
Лирата денеска поевтини до 15,35 лири за долар, покажаа податоците на „NTV“. Еврото се тргува за околу 16,20 турски лири.
Турскиот министер за финансии, Нуредин Небати претходно изјави дека владата ја ставила под контрола нестабилноста на курсот на лирата во однос на доларот и еврото. Лирата во март беше фиксирана во тесен опсег помеѓу 14,5 и 14,9 за долар. Но, намалувањето на вредноста почна откако Турскиот статистички институт објави забрзување на годишната инфлација во земјата во април на 69,97 отсто од 61,14 отсто месец претходно. Изминатиов период вредноста на доларот растеше. Во рок од неколку години, лирата пак имаше нагли падови на вредноста.
foto freepik.com
