Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку криумчарите се обогатија од шверцот на мигранти

Колку криумчарите се обогатија од шверцот на мигранти

Строгите контроли на гранични премини и селекцијата на мигрантите го активираа бизнисот на криумчарите.

Европол објави дека криумчарите минатата година заработиле 3-6 милијарди долари од мигрантите.

Шверцерите нудат попусти за „групни патувања” , така што на секои десет мигранти или бегалци еден го превезуваат бесплатно, пишува Ројтерс.

Според сведоштвата на бегалците, едно патување преку Медитеранот чини 2200 долари по патник, што е скок од 1 500 долари повеќе од минатата година.

На секоја тура со брод од 600 луѓе, криумчарите имаат заработка од 800 000 до милион долари.

Европол информира дека само до март 2015-та година биле фатени скоро 3 000 лица кои криумчареле луѓе.

Слично

Поврзани вести