Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку косовски туристи летувале во Албанија?

Колку косовски туристи летувале во Албанија?

Минатиот месец имало рекордна бројка на косовски туристи во Албанија.

Статистиката покажува дека во јули во Албанија одмарале повеќе од 450.000 косовски државјани. Од година во година бројот на косовски туристи расте.

„Статистиката за месец јули говори за рекордни бројки на косовски граѓани кои одлучиле летниот одмор да го минат на албанското крајбрежје. Споредено со истиот месец лани, бројот на косовските туристи е поголем за 150.000. Лани имало 300.000, додека овој јули повеќе од 450.000. Во просек дневно во Албанија влегувале по околу 15.000 косовски граѓани“ - пишува весникот „Газета експрес“.

Во претпоследниот викенд преку преминот Врмица-Морина минале 20.000, а изминатиот викенд 30.000 косовски државјани кои немаат некои поголеми забелешки околу чекањето на граница и покрај големиот број патници и возила.

Зголемена фреквенција се очекува и во текот на август. Во првото тромесечие од годинава забележан е позитивен биланс во албанскиот туризам.

Слично

Поврзани вести