Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку кошта метлата што ќе игра во министерствата ?

Колку кошта метлата што ќе игра во министерствата ?

Аутсорсинг-фирмата „Серта“ на Спасо Ѓоргиев го доби тендерот да ја чисти Владата и министерствата во наредниот период за сума од 4,03 милиони евра, што беше објавено влера на сајтот за е-набавки, а со договор склучен на 20 септември.

„Серта“ која ќе го замени „Секјуриком“ го добио тендерот во конкуренција на само уште еден понудувач, со тоа што „победникот“ го задоволува критериумот на лагер да има 200-тини хигиеничари и одговорни лица кои ќе бидат достапни 24 часа дневно.

Инаку „Серта“ е позната по тоа што веќе има договори за чистење на 30 други субјеклти, како банки, фабрики, молови, амбасади и други објекти. 


Слично

Поврзани вести