Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку ќе се офајдат акционерите од дивидендата на Телеком

Колку ќе се офајдат акционерите од дивидендата на Телеком

Македонски телеком ќе им исплатина акционерите вкупна дивиденда од безмалку 1,6 милијарди денари ( 1.596.062.214 денари). Предлог одлуката треба да ја одобри Собранието на друштвото на годишната седница која е закажана за 9 мај годинава.

„Бруто износот на дивиденда по акција е 18,5 денари. Друштвото, од бруто износот на дивиденда, доколку е применливо, при исплатата ќе ги задржи и уплати сите даноци, согласно важечката даночна регулатива во Република Северна Македонија на датумот на исплата, стои во предлог одлуката. 

Инаку листата на акционери кои ќе имаат право на дивиденда е таа на 30.05. 2019 гоидна. Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2018 година е 28.05.2019 година, а прв ден на тргување без право на дивиденда за 2018 година е 29.05.2019 година. Исплатата на дивиденда за 2018 година ќе се изврши до 30.09.2019 година. 

Слично

Поврзани вести