Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку ќе се наполни буџетот со повратот на ДДВ?

Колку ќе се наполни буџетот со повратот на ДДВ?

Поврат на ДДВ-то кај граѓаните од 2019, најави вчера премиерот Заев.

Тој вели дека проектот кој е дел од предизборните ветувањаќе стартува во два региона во 2018 година, а од ефектите што ќе се покажат, се очекува да се прошири на целата територија во 2019 година.

Заев очекува ова да придонесе за намалување на  даночната евазија кај ДДВ-то која според податоците до кои дошла Владата е 30 проценти.

Премиерот на вчерашната собраниска седница каде им одговараше на прашањата на пратениците рече дека Македонија има слабости во наплатата на ДДВ од воведувањето во 2001 година, а ефектите што ги очекува од повратот на ДДВ на граѓаните се  поголеми приходи во буџетот и дополнителни средства кај домаќинствата кои се проценуваат на годишно ниво на 25 до 30 илјади денари.

„Граѓаните го плаќаат ДДВ-то кога купуваат, добиваат сметки и прашањето е од каде не се уплаќаат средствата во буџетот, вели премиерот и додава дека се очекуваат дополнителни 300 милиони евра во буџетот од овој ДДВ кој сега не се уплаќа и со што, како што истакна, се создава незаконско енормно богатење на поединци во државата за сметка на даноците на државата кои треба да бидат распределени на сите граѓани“, истакна премиерот.

Слично

Поврзани вести