Колку ќе не чини новата патарина кон соседна Грција
Од 60 до 80 денари ќе ја плаќаме новата наплатна рампа ако сакаме да стигнеме до соседна Грција.
На делницата Демир Капија-Смоквица е пред крај изградбата на втората патарина а надлежните засега немаат одредено колку ќе се наплаќа на истата.
Моментно на тој патен правец возачите плаќаат само една патарина која чини 100 денари и која почна со наплата од август.
Зоран Китанов, првиот човек на ЈП за државни патишта кажа дека нови патарини ширум државата ќе има и кај Коридорот 8 и автопатот Миладиновци – Штип.
Слично
