Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку ќе изнесува минималната пензија во Бугарија од јули?

Колку ќе изнесува минималната пензија во Бугарија од јули?

Минималната пензија во Бугарија ќе изнесува 348 еврa од 1 јули годинава. 

Таа треба да се зголеми од 322,37 на 347,51 еврa од 1 јули, откако бугарските пратеници едногласно ги поддржаа измените во таканаречениот продолжен закон за буџетот, со кои најниските пензии ќе се усогласат заедно со останатите пензиски примања.

Измените беа усвоени на прво читање со 196 гласа „за“, без против и воздржани, а целта е пензионерите што земаат минимална пензија за стаж и возраст да не останат надвор од редовното јулско усогласување. Бугарскиот парламент одредил петдневен рок за предлози меѓу првото и второто читање.

Зголемувањето ќе изнесува 7,8 проценти и ќе се пресметува според таканареченото швајцарско правило, односно механизмот според кој пензиите се усогласуваат врз основа на растот на осигурителниот доход и инфлацијата. Со ова, минималната пензија треба да се израмни со темпото на зголемување што ќе го добијат и другите пензионери во земјата.

Слично

Поврзани вести