Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку ќе инкасираат од дивиденда тројцата најдобитни акционери во Македонија?

Колку ќе инкасираат од дивиденда тројцата најдобитни акционери во Македонија?

Самарџиоски од „Прилепска пиварница“, Доне Таневски од „Македонијатурист“  и Душан Пецовски се првите тројца акционери кои земаат најголема дивиденда.

Челната позиција ја има Кирил Самарџиоски од „Прилепска пиварница“ со 1,12 милиони евра. Зад него е Доне Таневски од „Македонијатурист“ со 262.466 евра дивиденда додека трет на листата е Душан Пецовски од „Реплек“ со 200.000 евра дивиденда.

Кој Македонец зема 1,1 милиони евра од дивиденда?

Кирил Самарџиоски е долгогодишен успешен директор и актуелен претседател на Управниот одбор и е најдобитниот акционер во конкуренција на 12 домашни физички лица.

Доне Таневски како втор на листата е наголем поединечен акционер  на „Македонијатурист“ кој од 19,18 отсто од акциите во „Македонијатурист“ ќе добие 16,22 милиони денари односно 262.466 евра.

 Душан Пецовски пак како најголемиот акционер во „Реплек“ за своите акции ќе инкасира дивиденда од 199.800 евра.

Кои се другите најдобитни акционери на листата погледнете тука.

Слично

Поврзани вести