Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЛКУ ЌЕ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ОД СКОПЈЕ ДО ШТИП: Еве колку ќе изнесуваат цените на новите патарини кај Миладиновци

КОЛКУ ЌЕ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ОД СКОПЈЕ ДО ШТИП: Еве колку ќе изнесуваат цените на новите патарини кај Миладиновци

Вкупно 160 денари ќе треба да издвои секој возач за патување од Скопје до Штип преку Миладиновци.

Оваа сума ќе биде во важност откако ќе се пуштат во употреба новите две патарини.

Засега двете се во фаза на градба а според најавите на надлежните би требало да бидат готови во мај.

Ова значи дека за поминување преку патарината кај Преод ќе се плаќа 50 денари, додека кај Кадрифаково цената ќе биде 70 денари. 

Ако на ова се додаде и патарината кај Миладиновци која чини 40 денари, испаѓа 160 денари во правец од Скопје до Штип.

Ејуп Рустеми меѓудругото кажа дека цената на патарини е утврдено согласно Закон и изнесува 2,57 денари по километар.


Фото: Фејсбук-Министер за транспорт и врски Благој Бочварски

Слично

Поврзани вести