Колку ќе заработи Хрватска годинава од туризмот?
Според податоците на Хрватската народна банка лани приходите од туризмот пораснале за 7%, на рекордни 7,96 милијарди евра.
Растот на доаѓања и ноќевања од туристи позитивно ќе влијае на растот на БДП. Приходите од туризмот ќе ги надминат рекордните 8 милијарди евра, прогнозира Raiffeisenbank Austria.
Според Државниот завод за статистика на Хрватска во првите шест месеци оваа година имало 16,6 милиони туристички ноќевања, или за 4,4% повеќе од истиот период лани.
Ова е доказ дека Хрватска ќе има одлична туристичка сезона. Поради тоа расте потрошувачката и платите.
Слично
