Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку ќе тежи новата еврообврзница?

Колку ќе тежи новата еврообврзница?

Неодамна пишувавме дека Владата планира да издаде нова обврзница во вредност од 500 милиони евра со цел покривање на буџетскиот дефицит.

Одлуката за изадавање на еврообврзница е донесена на 20 октомври , истата е објавена во службен весник пред два дена.

Еврообврзницата ќе се отплаќа во рок од 10 години а ќе се издаде преку претставништво на Дојче Банк во Лондон.

Четврта по ред еврообврзница што ја издава Македонија

„Финансиските средства за проектираниот дефицит за 2016 и отплатата на долговите ќе се обезбедат преку задолжување во странство со издавање на Еврообврзница на меѓународниот пазар на капитал, со задолжување на домашен пазар на државни хартии од вредност и со повлекување на средства од поволни кредити од меѓународни финансиски институции и кредитни линии наменети за финансирање на одделни проекти. Со цел оптимизација на исплатите и намалување на ризикот за рефинансирање, основна заложба на Министерството за финансии ќе биде зголемување на рочноста на издадените хартии од вредност пр

Македонија должи 3,9 милијарди евра

Државниот долг на Република Македонија на 30 јуни годинава изнесува 3.238,5 милиони евра, односно 36,1% од БДП, додека јавниот долг во истиот период изнесува 3.923,8 милиони евра, односно 43,7% од БДП.

„Како резултат на прудентна фискална политика во изминатите години, Република Македонија и понатаму останува умерено задолжена земја. 10 Одржувањето на умерено ниво на дефицит, во услови кога значителни средства се наменети за инфраструктурни инвестиции и обезбедување на адекватно ниво на социјална заштита, позитивно ќе влијае во насока на забрзување на економскиот раст и одржување на стабилна фискална позиција, пишува владата во предлог Буџетот за 2016 година.

Економијата се предвидува да има раст од 4%. Еве каква динамика на раст се предвидува во сите сектори.

Сектори што ќе имаат раст

· Градежништвото 5,6% (како резултат на реализацијата на планираните инфраструктурни проекти и најавените инвестиции во ТИРЗ и индустриските зони.. · Индустријата 3,8% · Услужниот сектор 3,6%, · земјоделството 2% · извозот на стоки и услуги 8,1% ( главно како резултат на очекувањата за активноста на извозните капацитети на странските компании, во услови на постепен раст на надворешната побарувачка. · Увозот 6,8% · Бруто инвестициите 7,5% · Приватната потрошувачка 2,7% (главно како резултат на очекуваниот раст на бројот на вработени) · Јавната потрошувачка 1,3% · Стапката на инфлација 2,0%, · Бројот на вработени 2,4%, (како резултат на очекуваните инвестиции на странските компании во слободните економски зони, активните мерки и програми за вработување, како и реализацијата на инфраструктурните проекти на јавниот сектор, што ќе придонесе за дополнително намалување на стапката на невработеност.)

Слично

Поврзани вести