Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку ќе чини излегување на Грција од еврозоната?

Колку ќе чини излегување на Грција од еврозоната?

По неколку денови на напнати дискусии новата влада во Атина постигна договор со доверителите од Еврогрупата минатата недела, што вклучува голем број на итни реформи и проширување на програмата за помош за четири месеци. Но независно од колективната воздишка на олеснување во Европа поради компромисот, останува потребата од спроведување на дополнителни тешки преговори за нова алатка која треба да биде промовирана до крајот на јуни.

Трошоците за различните актери, кои би биле потребни, ако не биде постигнат договор, се критичен параметар кај сите преговори, што се рефлектира на однесувањето на главните ликови и на тој начин и на исходот од самите преговори. Во овој случај станува збор за цената на излегување на Грција од еврозоната „Grexit“ - перспектива која е широко дискутирано во медиумите за време на неодамнешните преговори и беше поврзана со значителни шпекулации за односот на различните засегнати страни, особено на грчката и германската влада, пишува во свој коментар за „Project Syndicate“ Жан Фери, професор во „Hertie School of Governance“ во Берлин, главен комесар за политичко планирање на владата во Париз и поранешен директор на Институтот „Бронгел“ во Брисел.

Од гледна точка на Грција нивното излегување од еврозоната ќе доведе до значителни тешкотии, што ги објаснува и зошто во земјата оваа опција има многу мала поддршка кај населението. Но, како стои во прашањето за трошоците при еден „Grexit“ за остатокот од еврозоната? Откако ова прашање беше покренато за првпат во периодот 2011 - 2012 година, на тема има две спротивставени мислења.

Првата опција - Така наречена теорија на домино, претпоставува дека во таков случај пазарите веднаш ќе прашуваат која ќе биде следната земја. Судбината на голем број други држави ќе биде доведен во прашање, како што се случи за време на азиските валутни кризи од 1997-98 година или европската должничка криза во периодот 2010 - 2012 година. Резултатот може да е колапс на еврозоната.

Втората гледна точка - често нарекувана теорија на баланс, занчи дека еврозоната всушност ќе се зацврсти преку повлекувањето на Грција. Монетарна унија ќе се ослободи од постојаното повторување на проблемите, и одлуката на еврозоната да им дозволи на Грција да ја напушти или да ја принуди да го направи тоа, би било од корист за довербата кон неа. Ниту една страна, барем така велат приврзаниците на оваа теорија, не би се осмелила веќе да ги уценува своите партнери.

Слично

Поврзани вести