Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку ќе чинат изборите на 5 јуни?

Колку ќе чинат изборите на 5 јуни?

Државната изборна комисија на денешната седница го усвои финансискиот план,  за распределба на средства за предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни.

Изборите ќе чинат 7.5 милиони евра. ДИК планира да потроши 40 милиони денари за печатење избирачки ливчиња, 25 милиони за избирачките одбори во дијаспората, 9 милиони за чување доверлив материјал, 9 милиони за транспорт и слично.

На седницата Силвана Бонева побара да не се расправа за Извештајот за прогресот од проверките за ажурирање на Избирачкиот список. ИТ експертите во Извештајот да ги внесат сите измени врз основа на добиените податоци од институциите и другите проверки, и тогаш да се разгледува, додава таа.

Субхи Јакупи  предложи ДИК да побара средба со Владата и со претставници на сите институции кои се надлежни за прашања поврзани со изборите како МВР, статистика, МИОА и други за да се надминат одредени проблеми кои се јавуваат околу целиот процес.

Слично

Поврзани вести