Колку јаглен-толку струја!
Целокупното производство на лигнит од 8.208.803 тони извадени од македонските рудници, ЕЛЕМ го искористи за да произве 5442 гигават/часови струја во термоцентралите.
Статистичките податоци покажуваат дека лани Македонија увезе 301.316 тони јаглен и тоа 2.146 тони камен јаглен (антрацит, коксен, битуминозен), 257.179 тони лигнит (суб-битуминозен, мрк, лигнит, тресет) и 41.991 тони кокс.
Од вкупната потребна количина на лигнит од 8.028.251 тони, 96% се користи во термоцентралите за производство на струја, 0,35% во индустриските енергани за производство на топлинска и електрична енергија и 3,68 % за финална енергетска потрошувачка.
Најголеми финални потрошувачи на јаглен од 325.902 тони се индустриските сектори и тоа 2. 041 тони камен јаглен, 283.112 тони лигнит и 40.749 тони кокс.
