Колку изнесувала покриеноста на увозот со извозот?
Tрговскиот дефицит, во периодот јануари-декември 2015 година, изнесува 105 585 759 илјади денари. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-декември 2015, изнесува 70.5%.
Според дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-декември 2015 година, изнесува 251 853 383 илјади денари и бележи пораст од 9.1% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-декември 2015 година, изнесува 357 439 142 илјади денари што е за 5.4% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи). Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и другите метали од платинската група и нивните легури, необработени или во облик на прав.
Во периодот јануари-декември 2015 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Србија, Велика Британија, Грција и Бугарија.
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари- декември 2015 година, изнесува 4 087 584 илјади евра, и бележи пораст од 9.1% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 5 801 144 илјади евра што е за 5.4% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-декември 2015 година, изнесува 1 713 560 илјади евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-декември 2015 година, изнесува 4 530 077 илјади САД долари, и бележи пад од 8.7% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 426 812 илјади САД долари што е за 12.0% помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-декември 2015 година, изнесува 1 896 736 илјади САД долари.
