Колку изнесувала нето и бруто платата во февруари?
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2018, изнесува 23 158 денари, додека просечната бруто-плата била 33 994 денари.
Податоците на Државниот завод за статистика, покажуваат дека индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2018 година, во однос на февруари 2017 година, изнесува 103.6.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (14.5 %), Преработувачка индустрија (10.7 %) и Информации и комуникации (10.5 %).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (26.4 %), Транспорт и складирање (11.7 %) и Рударство и вадење на камен (9.9 %). Од јануари 2018 година Државниот завод за статистика го промени досегашниот начин на прибирање на податоците за плати (хартиени обрасци со податоци чиј извор беа деловните субјекти) и премина кон користење податоци од административен извор - Управата за јавни приходи. Промената е направена со цел да се намали оптовареноста на извештајните единици и да се подобри квалитетот на податоците.
