Колку изнесувала месечната нето и бруто плата во јули?
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јули 2016 изнесува 32 837 денари.
Просечната месечна исплатена нето-плата истиот месец била 22 334 денари.
Ова се податоци кои денеска ги објави Државниот завод за статистика.
Индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата и нето плата по вработен, во јули годинава во однос на јули 2015 лани изнесува 102.2.
Ова зголемување е резултат пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: градежништво (9.1%), административни и помошни услужни дејности (6.4%) и земјоделство, шумарство и рибарство (6.2%).
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3.4%), преработувачка индустрија (3.3%) и административни и помошни услужни дејности (2.0%).
Во јули 2016 година, 1.6% од вработените во Република Македонија не примиле плата.
