Колку изнесувал нето надворешниот долг на земјава на крајот на минатата година?
Нето надворешниот долг на крајот на минатата година бил поголем за 102 милиона евра.
На 31 декември 2025 година, нето надворешниот долг изнесуваше 4,58 милијарди евра (или 27,1 отсто од БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во четвртиот квартал од 2025 година, е зголемен за 102 милиона евра, или за 2,3 отсто. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 71 отсто, стои во соопштението што го објави Народната банка.
Во текот на четвртиот квартал од 2025 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 25 милиони евра и изнесува 8.750 милиони евра, што претставува 51,6 отсто од БДП за 2025 година.
Слично
