Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку изнесуваат минималните плати во земјите од ЕУ?

Колку изнесуваат минималните плати во земјите од ЕУ?

Во Европската Унија(ЕУ), Бугарија има најниска минимална плата, а Луксембург највисока. 

Како што денеска објави Евростат, минималната плата е помала од 1.000 евра во Бугарија (620 евра), Латвија (780 евра), Романија (795 евра), Унгарија (838 евра), Естонија (886 евра), Словачка (915 евра), Чешка (924 евра) и Малта (994 евра).

Во осум земји, минималната плата е помеѓу 1.000 и 1.500 евра – Грција (1.027 евра), Хрватска (1.050 евра), Португалија (1.073 евра), Кипар (1.088 евра), Полска (1.139 евра), Литванија (1.153 евра), Словенија (1.278 евра) и Шпанија (1.381 евра).

Највисоки минимални плати има во Франција (1.823 евра), Белгија (2.112 евра), Холандија (2.295 евра), Германија (2.343 евра), Ирска (2.391 евра) и Луксембург (2.704 евра).

Кога се споредуваат минималната плата и куповната моќ, најдобро се рангирани Германија, Луксембург, Холандија, Белгија, Ирска, Франција, Полска и Шпанија.

Во втората група се вклучени Словенија, Литванија, Хрватска, Романија, Португалија, Грција, Кипар, Унгарија, Малта, Словачка, Бугарија и Чешка.

Латвија и Естонија имаат најлош однос помеѓу минималната плата и куповната моќ, според оваа статистика.

foto freepik.com/ededchechine

Слично

Поврзани вести