Колку изнесува просечната плата во Хрватска?
Просечната нето плата во мај во Хрватска изнесувала 1.451 евро. Просечната месечна исплатена нето плата по вработен кај фирмите за мај изнесувала 1.451 евро, што е номинално повисока за 9,6 проценти, а реално за 5,9 проценти во споредба со мај минатата година, објави во понеделникот хрватскиот Државен завод за статистика, пренесува Н1 телевизија. Највисоката просечна месечна нето плата исплатена за мај е исплатена во индустријата за воздушен транспорт, во износ од 2.280 евра, а најниската во производството на облека, во износ од 921 евро. foto freepik.com
Слично
