Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку изнесува просечната плата во Црна Гора?

Колку изнесува просечната плата во Црна Гора?

Просечната нето плата во Црна Гора во декември 2025 година изнесувала 1.022 евра, додека за истиот период просечната бруто плата (со даноци и придонеси) изнесувала 1.220 евра, покажуваат податоците од Институтот за статистика Монстат.

Тие додаваат дека просечната исплата (нето) во декември 2025 година во споредба со ноември 2025 година бележи раст од 0,4 отсто, додека во споредба со истиот месец претходната година, бележи раст од 1 отсто. 

Ако се земе предвид дека потрошувачките цени во декември 2025 година во споредба со ноември 2025 година забележаа пад од 0,3 отсто, следува дека реалната заработка за истиот период забележа зголемување од 0,7 отсто. На ниво на 2025 година, просечната бруто заработка изнесуваше 1.206 евра, додека просечната нето заработка беше 1.012 евра. Со оглед на тоа што потрошувачките цени во 2025 година, во споредба со 2024 година, се зголемија за 3,9 отсто, реалната заработка за истиот период забележа зголемување од 11,2 отсто, заклучува Монстат.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести