Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку изнесува домашниот бруто производ по жител во Македонија?

Колку изнесува домашниот бруто производ по жител во Македонија?

Бруто-домашниот производ во 2024 година изнесуваше 964 милијарди денари и во однос на 2023 година е номинално зголемен за 6,8 отсто. 

По жител, домашниот бруто производ лани достигнал 8.588 евра, сметано по тековен курс.

Реалната стапка на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во 2024 година, во однос на 2023 година, e 3,0 отсто, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Најголемо учество во додадената вредност со 17,9 отсто во структурата на БДП во 2024 година имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли и Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна.

Финалната потрошувачка во 2024 година во структурата на БДП учествува со 82,4 отсто.

Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2024 година e 61,7 отсто.

Вредноста на инвестициите во основни средства во 2024 година изнесува 226,48 милијарди денари.

Во техничката структура на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 53,6 отсто, машините и опремата со 35,7 отсто, а останатите инвестиции со 10,7 отсто.

foto freepik.com/jcomp

Слично

Поврзани вести