Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку изнесува бруто надворешниот долг на Македонија?

Колку изнесува бруто надворешниот долг на Македонија?

На крајот на вториот квартал oд годинава, бруто надворешниот долг на Република Македонија изнесува 7.781 милион евра, објави Народната банка на Република Маедонија. 

Нето надворешниот долг, на крајот на вториот квартал е 2.951 милион евра и забележа квартален раст од 180 милиони евра, главно заради поизразено намалување на јавните нето-побарувања (за 143 милиони евра), надополнето со растот на приватниот нето-долг (за 38 милиони евра). 

Негативната нето меѓународна инвестициска позиција , на крајот на вториот квартал од 2017 година, изнесува 5.990 милиона евра, при што и натаму најголемиот дел (78,6%) од овој износ се нето-обврски врз основа на директни инвестиции, од кои 73% се врз основа на сопственички капитал. 

Слично

Поврзани вести