Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку имот отуѓил „Скопски пазар“ за две и пол години?! Каде се парите?

Колку имот отуѓил „Скопски пазар“ за две и пол години?! Каде се парите?

Вкупната вредност на отуѓениот деловен простор, објекти и земјиште е 5,68 милиони евра, покажуваат податоците. Во најголем дел се работи за продажби , а во одредена мерка е компензација за долг на „Скопски пазар“ спрема доверители

„Скопски пазар“ во периодот од 2014 година до сега продал или компензирал за долг деловен простор, објекти и земјиште во вредност од 350,4 милиони денари односно 5,68 милиони евра, покажуваат податоците до кои што дојде „Фактор.мк“, а чиј извор е оваа скопска компанија. 

Според достапните податоци имотот на „Скопски пазар“ во периодот од почетокот на 2014 година до јули годинава е помал за 350,4 милиони денари. Претворено во квадратура тоа се: 3.250 квадратни мести објекти или деловен простор и уште над 9.400 квадратни метри земјиште кое во поголем обем е под објектите кои што се отуѓени.

Од материјалите се гледа дека објектите или земјиштето најчесто се продавани, а има случаи во кои имотот е компензиран со доверител за побарување.

Податоците покажуваат дека во 2014 година се продадени четири имоти од кои три се деловни единици и земјиште и една е само земјиште. Највредна продажба во таа година е реализирана со продажба на деловен објект на Бит пазар со квадратура од 651 квадратен метар и уште 771 квадратен метар земјиште. За тоа „Скопски пазар“ инкасирал 137,4 милиони денари. Другите продажби се: објект од 160 квадратни метри и земјиште од 187 квадратни метри во населбата „Пролет“ за 19,3 милиони денари, па 125 квадратни метри објект и 1.692 квадратни метри земјиште во Сарај за 15,4 милиони денари и уште 430 квадратни метри земјиште во Чаир за 10,6 милиони денари. Вкупно се инкасирани 182,7 милиони денари. 

Лани се отуѓени четири имот во „Центар“ Скопје и по еден имот во Пролет, Чаир и Глумово , скопско и еден имот во Ресен.

Во овие случаи е  продавано земјиште и тоа во Чаир 430 квадратни метри за 10,6 милиони денари и во Центар каде се продадени 500 квадратни метри за 13,9 милиони денари. Продадените деловни единици се со вкупна површина од 732 квадратни метри и 788 квадратни метри земјиште. Вкупно се инкасирани 70,1 милиони денари.
Во првите седум месеци годинава вредноста на отуѓениот недвижен имот изнесува 97,6 милиони денари и се работи за локации во: Чаир, Кисела вода, Центар и во Карпош. Вкупно се отуѓени деловен простор или објекти со квадратура од 1.582 квадратни метри и земјиште од 4.625 квадратни метри. Највредна отуѓена единица имот е во Чаир каде за 49,4 милиони денари се продадени 4.000 квадратни метри земјиште и 939 квадратни метри објект.

Како што веќе сме пишувале најголемиот акционер во таа компанија прилепски „Современ дом“ кој нема претставници во органите на надзор и управување побара на едно од претходните акционерски собранија увид во состојба на отуѓени објекти. Веројатно податоците што се објавени се јавни и врз основа на тоа барање. Повеќе за „Скопски пазар“ може да прочитате на следниве линкови: 

http://faktor.mk/dali-skopski-pazar-gordo-tone

http://faktor.mk/ima-li-raskol-vo-semejstvoto-shto-upravuva-so-skopski-pazar

Слично

Поврзани вести