Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку граѓани ќе добијат ваучери за туризам?

Колку граѓани ќе добијат ваучери за туризам?

Ваучери за туризам во вредност од 200 евра ќе има за 1.250 граѓани.

Најважниот услов кој треба да се исполни е месечниот приход на кандидатот за туристички ваучер да не биде поголем од 30.000 денари.

Апликантите треба да достават: пополнет образец за барање, потврда од работодавецот за висината на исплатена плата, извод од банка за последните три месеци и за членовите на потесното семејство доколку се вработени или добиваат пензија, извод на матична книга на родените. Ако  подносителот на барањето аплицира со брачен партнер треба да достави извод на матична книга на венчани, доколку аплицира како разведено лице треба да достави пресуда за развод на брак издадена од надлежен суд, доколку аплицира сам во случај на смрт на брачниот пар треба да достави извод на матична книга умрените, а потребни се и ред други документи. 

Слично

Поврзани вести