Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку години затвор бара турското обвинителство за Ѓулен?

Колку години затвор бара турското обвинителство за Ѓулен?

За имамот Фетулах Ѓулен турското обвинителство бара две доживотни казни и уште 1.900 години затвор.

Обвиненитето против Ѓулен кое е на 2.527 страници го објави Обвинителстото на регионот Усак во западна Турција.

„Во обвинението Ѓулен меѓу другото се товари за обид за насилно уривање на уставниот поредок и за формирање и водење вооружени терористички групи“ - објави агенцијата Анадолија.

Него турските власти го обвинуваат дека го организирал неуспешниот пуч на 15 јули, објавија турските медиуми.

Ѓулен кој живее во доброволен егзил во американската сојузна држава Пенсилванија ги отфрла обвинувањата на турските власти.

Турција побара САД да го испорачаат Ѓулен, па дури и во неколку нарати се обиде да изврши притисок.

Слично

Поврзани вести