Колку години работи Македонецот, а колку Германецот?
Во текот на животот работиме 31,5 година, или 6,5 години пократко од Германците.
Ова е во согласност со истражувањето на Евростат за 2019 година.
Македонија лани била речиси на дното на списокот што ја покажува должината на работниот век во европските земји.
Во нашата земја се работи многу пократко отколку во развиените европски земји.
Просечната должина на работниот век во Бугарија е 33,1 година, во Грција 32,9 години, во Србија е 33 години, а во Турција 29,4 години.
Во Црна Гора, мажите работеле во просек 35,4 години, а жените 28,3 години. Во Хрватска мажите работеле во просек 34,2 години, а жените 30,5 години. Во Италија, мажите работеле 36,4 години, а жените работеле во просек 27 години.
Лидер во Европа е Исланд, каде што просечниот работен век е 46,3 години, потоа следуваат Швајцарија каде што просечниот работен век е 42,7 години.
Зад нив е Шведска каде што просечниот работен век трае 41,9 години.
