Колку фискални сметки се скенирани досега?
За поврат на ДДВ досега се скенирани над 9 милиони сметки.
Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, како членка на СДСМ денеска учествуваше на маалска средба со граѓаните од Крива Паланка.
„Вкупниот износ на ДДВ приход во месец јули 2019 е за 10,31 отсто повисок од минатата година. Во 2019 година бележиме 54 отсто повисок поврат кон фирмите во споредба со 2016. година. На овој начин ги враќаме парите назад кај граѓаните, во домаќинствата и во стопанството“, порача Лукаревска во Крива Паланка.
Непосредните средби со граѓаните кои започна да ги практикува владејачката СДСМ се, како што велат oд партијата, со цел да се слушнат нивните барања и потреби.
Слично
