Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку фирми се отворени и опстанале последниве години?

Колку фирми се отворени и опстанале последниве години?

Во 2014 година се регистрирани 7161 новосоздадено претпријатие, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во однос на 2013 година е забележан пораст на новосоздадените претпријатија за 5.2%. Гледано по сектори на дејност, најголем дел од новосоздадените претпријатија (32.1%) се во секторот трговија на големо и на мало,  поправка на моторни возила и мотоцикли, а потоа следат секторот објекти за сместување и сервис со храна со 11.9%, Преработувачка индустрија со 10.8% и Стручни, научни и технички дејности со 9.3%.  Податоците за структурата на новосоздадените претпријатија, според правната форма, покажуваат дека најголемо учество имаат претпријатијата категоризирани во групата друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва (70.7%).

Според статистичките податоци, 43.2% од новосоздадените претпријатија во 2009 година сѐ уште биле активни во 2014 година. Најголема  стапка на преживување се забележува кај новосоздадените претпријатија кои припаѓаат на секторите дејности  на здравствена и социјална заштита (79.5%) и стручни, научни и технички дејности (56.9%).  Во 2014 година биле активни 37.6% од новосоздадените претпријатија во 2010 година, 48.1% од новосоздадените  во 2011 година, 52.6% од новосоздадените во 2012 и 79.4% во 2013. Најголема стапка на преживување во 2010, 2011 и 2013 година имале новосоздадените претпријатија од секторот дејности на здравствена и социјална заштита, додека кај новосоздадените претпријатија во 2012 тоа се претпријатијата од секторот финансиски дејности и дејности на осигурување.

Слично

Поврзани вести